Ноќта помеѓу 28 и 29 октомври е резервирана за поместување на стрелките на часовникот еден час наназад.
За многумина, оваа промена претставува еден час подолго спиење, но треба да знаете дека има влијание врз целиот наш организам.
Поместувањето на стрелките на часовникот особено не е погодно за метеопатите и пациентите со хронични болести, но не се исклучени и лицата што немаат никакви здравствени проблеми.
Познато е дека секој човек има свој внатрешен биолошки часовник, па потребно е одредено време да се создадат нови навики доколку има некаква промена.
Многу луѓе, особено оние што работат, се свесни дека преминот кон зимско сметање на времето значи дека едвај ќе го видат светлото на денот во работните денови, а тоа е уште една негативна последица од поместувањето на часовникот.
Имено, сето ова негативно влијае врз психата и биоритамот, но и врз нашето здравје бидејќи Сонцето е важен извор на витамин Д. На најранливите ќе им бидат потребни најмалку две недели за да се вратат во нормала и да го фатат новиот биоритам.
Самата промена на годишните времиња влијае врз психата, па сосема е логично менувањето на часовникот да носи лошо расположение и главоболки.
Извор:
b92.net
Фото: Freepik