Американската сојузна држава Охајо ќе стане првата земја што ќе им дозволи на бизнисите да ги плаќаат даноците со биткоини во рамките на нова иницијатива која можеби ќе стане достапна и за индивидуалците.
Бизнисите во оваа земја ќе можат да се регистрираат на интернет-страница за да ги плаќаат даноците со биткоини и тоа ќе им биде достапно уште оваа недела. Програмата ја воведе државниот благајник Џош Мандел, а за реализација ќе се користи сервисот за плаќање со биткоини наречен „Бит Пеј“.
Мандел се надева дека ќе ја направи државата лидер во присвојувањето блокчејн-технологијата.
Според некои експерти, потегот помага да се испрати порака дека биткоинот е технологија која може да биде користена од секого - од лошите момци, но и од страна на владата.
Фото: Pixabay
Моментално бизнисите можат да платат 23 даноци преку програмата. Сите бизниси што функционираат во Охајо, вклучително и оние чии седишта не се таму, ќе можат да платат данок со биткоин, а за во иднина се планира опфаќање на повеќе форми на криптовалути.
Дали бизнисите ќе ја користат оваа можност, останува да видиме.
Иако иницијативата е одлична за имиџот на биткоинот, започнувањето на програмата доаѓа во период кога вредноста на биткоинот падна под 4.000 долари, а медиумите известија дека биткоинот се соочил со најлошата неделна загуба во последните пет
години.