X
 23.01.2018 Економија

Како да се објасни бумот на биткоинот?


Биткоини
(Фото: Pixabay)


Скептиците го нарекуваат пирамидална или Понзиева измама. Инвеститорите го гледаат како дигитално злато. Нова „манија по лалиња“. Виртуелна валута.

Како и да се нарекува, биткоинот е во подем бидејќи неговата цена ја премина границата од 10.000 долари првпат по 27 ноември – по помалку од два месеца откако првпат ја премина границата од 5.000 долари. На почетокот на јануари биткоинот се пресметуваше околу 14.000 долари.

Цената на биткоинот е надувана бидејќи многу купувачи помислија дека пронашле инвестиција која на подолги патеки би можела да се натпреварува дури и со златото, во смисла на чување на парите надвор од контролата на компаниите и на владите. Трговијата со биткоини почна од Јужна Кореја и Јапонија. Сеул сега поседува вистински продавници каде што и помалку технички поткованите луѓе можат да купуваат и да продаваат биткоини.

Цената, која стигна до небесни висини, предизвика реакции и од скептиците – од Џон Дајмон, генералниот директор на „ЈПМорган Чејс“, до Ворен Бафет, а тие сето ова досега го нарекуваат „измама, надуван балон или Понзиева шема“.

Незапирливиот раст, на некој начин, ги потврди нивните ставови бидејќи сè повеќе се чини дека оваа инвестиција нема сериозна потпора во реалниот свет. Но, секогаш кога се јавуваат скептиците, инвеститорите ги „демантираат“ со тоа што купуваат сè повеќе и повеќе биткоини по повисоки цени.

Поддржувачите на биткоинот сметаат дека се создава нов вид богатство, кое би можело да се натпреварува со акциите и физичките добра во инвестициското портфолио на обичните луѓе.

Но дури и загрижените фанови се шокирани од растот на цените во последните неколку месеци. Или, како што некој напиша на „Редит“: „Ова сега стана и официјално лудило“.

Во целата приказна се вплеткани и хеџ-фондовите, кои се обидуваат да добијат парче од профитот. Повеќе од стотина хеџ-фондови инвестираат исклучиво во биткоинот и во другите дигитални валути.

Трговијата се одвива без никаков регулаторен план, транспарентност или надзор. Тоа го зајакнува стравувањето дека проблем на една берза би можел да внесе паника кај сите други берзи.

Големиот подем на цената на биткоинот на крајот на 2013 година беше пробиен кога се утврди дека најголемата берза во тоа време – Mt. Gox, воопшто не поседувала биткоини како што тврдела. Тоа доведе до тригодишен застој во цената.

Но, постепено вредноста се враќала на старите нивоа, а денес сведочиме за невидена експанзија. Екосистемот на биткоинот сега е пораширен низ светот и не се заснова врз давање доверба само на една компанија, како што беше случајот со Mt. Gox, која колабира пред три години. Во тоа време преку таа берза се одвиваа повеќе од 75% од сите тргувања со биткоини, а сега најголемите берзи тргуваат со само околу 10%.

Биткоинот почна да се шири низ светот и да допира до инвеститори и во малите и во големите земји поради единствениот дизајн што го смислил неговиот креатор. Биткоините се чуваат и со нив се тргува на децентрализирана мрежа на компјутери која не е под контрола на компании или влади. Тоа е особено атрактивно за држави како Кина и Зимбабве, каде што не е невообичаено владата да ви ги замрзне или одземе банкарските сметки или имоти. Биткоинот успеа да остане непропустлив и за владина контрола, но и за хакерски напади повеќе од една деценија.

Тој исто така е многу популарен како онлајн-средство за плаќање на илегална дрога затоа што паричникот со биткоини може да се „отвори“ без некој да бара нечии лични податоци и информации. Но сега тој почнува да се соочува со соперници кои тврдат дека нивните виртуелни валути нудат поголема приватност.

Минатата година дури и се чинеше дека етериумот, втората најпопуларна виртуелна валута, ќе го надмине биткоинот според вредноста. Во тоа време биткоинот беше обземен од интерна војна околу тоа кој ќе го апдејтира софтверот и ќе ја прошири мрежата. Во октомври, едната страна се откажа од своите принципи и оттогаш цената почна да расте.

Етерот, кој живее на мрежата на етериумот, и биткоин-кешот – уште еден предизвикувач на биткоинот, исто така растат според вредноста бидејќи инвеститорите бараат што било што би можело да покаже идентична издржливост и мобилност како оригиналот.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија