Во светот на криптовалутите богатството може да се добие преку ноќ, а добитниците на оваа дигитална лотарија, сепак, се разликуваат од оние што се збогатиле на други начини. „Форбс“ креирал листа со најбогатите луѓе во променливиот и нејасен свет на криптовалутите. Цифрите се засноваат на проценетите фондови на криптовалути, профитот од тргување со криптовалутите и акциите во компаниите што се занимаваат со оваа технологија.
1. Крис Ларсен
Проценетата нето-вредност во криптовалути е од 7,5 до 8 милиони долари. Коосновач е на „Рипла“, има 57 години, а компанијата им овозможува на банките меѓународни исплати преку користење на блокчејн-технологијата. Поседува 5,2 милијарди „XRP“, токени кои ги создала неговата компанија, чиј фонд е вреден 95 милијарди долари.
2. Џозеф Лубин
Проценетата вредност во криптовалути е од 1 до 5 милијарди долари. Лубин е еден од основачите на етериум. Има 53 години, а неговата компанија „Консенсис“ вработува 600 луѓе во 28 земји и помага да се основаат криптокомпании.
3. Ченгпенг Жао
Нето-вредноста во криптовалути е од 1,1 до 2 милијарди долари. Жао е извршен директор на „Бајненс“ и има 41 година. „Бајненс“ е светска криптоберза, која Жао ја основал за помалку од 7 месеци. Додека ги собирал моменталните 6 милиони корисници, ја селел својата компанија во 3 различни држави, избегнувајќи прописи што би можеле да му го загрозат работењето.
4. Камерон и Тајлер Винклвос
Нето-вредноста во криптовалути изнесува од 900 милиони до 1,1 милијарда долари. Тајлер и неговиот брат Камерон купиле биткоин во 2012 година и ја основале берзата во Њујорк за криптовалути, која достигнала до дневни трансакции во износ од 300 милиони долари.
5. Метју Мелон
Неговата нето-вредност во криптовалути се проценува од 900 милиони до 1 милијарда долари. Се работи за индивидуален инвеститор, кој има 54 години и наследил поголемо американско банкарско богатство, па почнал површно да се занимава со криптовалути.
На
листата се и:
Брајан Армстронг – од 900 милиони до 1 милијарда
Метју Розак – од 900 милиони до 1 милијарда
Ентони ди Орио – од 750 милиони до 1 милијарда
Брок Пирс – од 700 милиони до 1 милијарда
Мајкл Новограц – од 700 милиони до 1 милијарда
Брендан Блумер – од 600 до 700 милиони
Ден Лаример – од 600 до 700 милиони
Валериј Вавилов – од 500 до 700 милиони
Чарлс Хоскинсон – од 500 до 600 милиони
Бред Гарлингхаус – од 400 до 500 милиони
Бери Силберт – од 400 до 500 милиони
Виталик Бутерин – од 400 до 500 милиони
Тим Дрејпер – од 350 до 500 милиони
Сонг Чи Хјунг – од 350 до 500 милиони