X
 10.11.2017 Технологија

Блокчејн-технологијата ќе промени големи индустрии

Корпорациите и бизнисите брзо ја уочуваат можноста за користење на блокчејн-технологија за да ги подобрат и осигурат големите трансакции. Оваа технологија има потенцијал да направи интеракции во масивни мрежи и тоа на многу поефикасен начин. Освен тоа, може да има голем ефект и врз индустриите кои влијаат врз животите на секојдневните клиенти. Ова се пет индустрии што имаат слични карактеристики – недостиг на транспарентност, значајни трошоци на посредниците, неефикасност, а блокчејн-технологијата е дизајнирана да ги подобри:


1. Гласање

Изборите знаат да бидат збунувачки. Колку може да се биде сигурен за прецизноста на резултатите? Блокчејн-технологијата може да биде решение – се работи за перманентна криптографска евиденција, обезбедува баланс на сите карактеристики што се посакуваат од вистинска и демократска платформа, а обезбедува и непроменлив систем, толерантен на маани, за складирање информации. Не може да се смени системот без да им се покаже на останатите во мрежата, па со тоа во јавноста се дава транспарентен увид на тоа како се одвиваат работите.

2. Недвижности

Трансакциската природа на оваа индустрија е збунувачка, неефикасна и можеби екстремно скапа. Постојат многу сегменти што го забавуваат процесот. Блокчејн-технологијата може да ја намали потребата од менаџери за доверба. Трансакциите кои бараат независна трета страна за да се процесираат, сега ќе може да се извршат поефикасно и поевтино. Договорите ќе можат автоматски да се изведуваат, да се осигури сопственоста и плаќањата да се одвиваат со целосна транспарентност.

3. Достава

Дури и во глобален пазар во раст повеќето од начините на кои може да се верифицира потеклото на производот лесно може да бидат фалсификувани. Блокчејн-технологијата со своите непроменливи сметки и практично непроменливи записи веќе прави чекори во масивните индустрии каде што се процесираат големи количини на податоци, ефективно следење, автоматско пополнување и сл. Каде одреден производ е создаден и каде оди пред да дојде до вашите раце може да биде автоматски следен преку блокчејн и сите тоа да го видат, па на тој начин транспарентноста е поголема.

4. Сајбер-безбедност

Годишно загубите на компаниите поради закани за безбедноста во сајбер-просторот се околу 17 милиони долари само во САД. Се проценува дека таа сума ќе се зголемува. Блокчејн е дизајнирана за да биде виртуелно отпорна на хакери или во најлош случај, многу тешка за да се хакира. Структурирана е на тој начин што дејствата што придонесуваат за стабилноста на синџирот се наградени. Па, технологијата може да се користи за превенција и идентификување на сајбер-напади, како и за зголемување на безбедноста на чувствителни и масивни податоци.

5. Банкарство

Договорите помеѓу банките и трговците може да траат со денови. Со биткоините, трансакциите може да се завршат за само неколку часа, а со нивното подобрување дури и за неколку минути.

Оваа технологија може да се користи во банкарството за да се овозможи глобална адаптација на модерно банкарство. Дигитализирањето на плаќањата на сигурна мрежа е решение кое може да го користат 2 милијарди луѓе кои не соработуваат со никаква банка или се игнорирани од институционализираните банки. За да се користи криптовалута, потребно е само да се има паметен телефон.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија