X
 27.11.2019 Технологија

Куче-робот врши работа на полицаец

Спот, роботот на „Бостон динамикс“, кој изгледа како куче, се користи од страна на полицијата во Масачусетс и изгледа дека таа станува првата агенција за спроведување на законот во САД што користи куче-робот.

Документите од Американската унија за граѓански слободи од Масачусетс покажуваат дека единицата за деактивација на бомби го позајмила Спот на три месеци - од август до ноември.

Документите не покажуваат за што бил користен Спот, но државен портпарол на полицијата истакнал дека роботот се користел како мобилна далечинска направа за опсервација за поддршка на трупите што се соочуваат со сомнителни направи или кога вооружените сомнителни личности се кријат.

- Роботите се вредна алатка за спроведување на законот поради способноста да обезбедуваат свесност за ситуацијата за потенцијално опасни околини - истакна портпаролот на полицијата, Дејвид Прокопио.

„Бостон динамикс“ предвидува дека Спот може да се користи во области кои се опасни, како места каде што има истурени хемикалии, заложници или потенцијална бомба.

- Сега нашиот примарен интерес е испраќање на роботот во ситуации каде што сакате да соберете информации во околина што е премногу опасна за да се испрати човек - истакна Мајкл Пери, потпретседател за бизнис-развој во „Бостон динамикс“.

via GIPHY


Но, оние што се залагаат за приватност се преплашени од идејата Спот да се користи како американска полициска сила. Тие посочуваат на фактот дека Спот е робот со општа намена, што значи дека може да биде приспособуван. Исто така, роботот има камера со опсег на снимање од 360 степени и при мала осветленост.

Пери истакна дека за да се спречи Спот да не стане оружје, има клаузула во договорот со која на корисниците им се забранува да го користат Спот на начин кој физички може да ги повреди или заплаши луѓето.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија