Едно истражување покажува дека момчињата почесто бараат од професорите на факултет повисока оценка од таа што ја добиле на испит отколку девојките, а ова им дава предност кога станува збор за напредокот во кариерата.
Шер Ли е асистент-професор по економија на државниот универзитет во Колорадо. Таа открива дека на крајот од секој семестар добива барање од еден или двајца момчиња да добијат подобра оценка. Во последните шест години такво барање добила само еднаш од страна на студентка. Тоа ја поттикнало Ли да се запраша дали момците бараат промена на нивната оценка почесто од девојките?
Фото: Pixabay
Оценките може да покажуваат колку продуктивни може да бидат студентите во работата. Некои работодавци ги гледаат оценките кога вработуваат дипломци. Доколку машките студенти добиваат подобри оценки почесто од женските, тоа може да биде недостиг за жените, кои се исто квалификувани како и машките студенти, но останале со послаби оценки. Ова особено може да се забележи доколку машките и женските студенти се пријавуваат за истата работа.
Заедно со економистот Базит Зафар, професорката Ли анализирала податоци од над 1,3 милион оценки од еден јавен универзитет и открила дека на мажите 18,6% почесто им се
менуваат оценките отколку на жените. Промените во финалните оценки се ретки (помалку од 0,5% од сите оценки што биле анализирани), но во анкета на студенти истражувачите откриле дека 40% од студентите побарале од своите професори да им дадат повисока оценка барем еднаш.
Податоците не покажуваат зошто на мажите почесто им се менуваат оценките отколку на жените. Постојат неколку можни сценарија. Едноставно, студентите бараат повисока оценка почесто од студентките. Потоа, можеби професорите почесто им попуштаат на машките отколку на женските. Конечно, можеби женските бараат промена на оценката за време на семестарот наместо на крајот.
Фото: Pixabay
Професорката Ли и економистот Зафар направиле анкета на професори и студенти за да откријат која е причината. Анкетата покажала дека одговорот лежи во првото сценарио, односно дека машките навистина почесто бараат подобри оценки од женските. Со други зборови, станува збор за разлики во начинот на однесување на студентите според нивниот пол.
Во еден експеримент кој бил дел од истражувањето двајцата истражувачи откриле и дека машките почесто би прифатиле да платат за да добијат подобра оценка отколку женските. Било откриено и дека студентките имаат помала самодоверба и се под поголем стрес кога бараат подобри оценки.
Автор: Шер Ли
Извор:
Fastcompany.com