Алатка покажува колку чини неколку колеги да се соберат на еден час за состанок наместо само да испратат е-пошта.
Алатката е, всушност, екстензија на „Гугл хром“ вградена во календарот на вработените во компанијата „Шопифај“ и ги покажува проценетите трошоци за состаноци на вработените врз основа на просечната плата, бројот на учесници и должината на состаноците.
- Времето е пари и треба да се потроши за да им се помогне на вработените да напредуваат или да се забавуваат - состаноците често не го прават ниту едното ниту другото - стоело во порака до вработените на „Шопифај“.
Компанијата презела и други чекори за намалување на непродуктивното време, како забрана за состаноци во среда и укинување на сите закажани редовни состаноци кои вклучуваат три или повеќе лица.
Според алатката, просечен 30-минутен состанок со три вработени ја чини компанијата помеѓу 700 и 1.600 долари.
Целта на алатката воведена од „Шопифај“ е да се поттикнат вработените да ја преиспитаат својата потреба за состаноци и да најдат креативни методи за соработка.
Извор:
Bug
Насловна фотографија: Pixabay