X
 28.06.2023 Живот

Најевтината земја за живеење - билет за јавен превоз чини 3 центи, а месечна кирија за стан 60 евра

Според податоците од веб-страницата „Ворлд оф статистик“, Пакистан е најевтината земја за живеење. За да дознае дали е навистина така, Џош Ларкин, јутјубер кој е сопственик на јутјуб-каналот „Брнт чип“, отпатувал во најголемиот град на оваа земја, главното пристаниште и финансискиот центар - Карачи.

Во Карачи заменил една британска фунта или околу 1,2 евра за 400 пакистански рупии и се обидел да дознае што може да купи со нив за еден ден. Своите искуства ги снимил со камера и видеото го објавил на „Јутјуб“, а досега го погледнале повеќе од 2,5 милиони луѓе.

На почетокот од денот Џош Ларкин се освежил со традиционален пакистански пијалак, дудта, кој се прави од млеко, шеќер, мраз и газиран пијалак и чини 30 рупии.

За ручек јадел бирјани - зачинето јадење направено од ориз, компири и пилешко, и пиел пепси за само 30 центи, додека за вечера уживал во раженчиња од морски плодови за кои потрошил приближно исто толку.

Во Карачи се обидел да јава камили, возел тук-тук и го гледал танцот на отровните змии со звук на флејти. Платил само 3 центи за автобуска карта.

Шетајќи низ Карачи, открил дека изнајмувањето стан во градот чини околу 60 евра, што е пет до десетпати поевтино отколку во повеќето европски градови.

Што видел и доживеал Џош Ларкин во Карачи за повеќе од едно евро, погледнете во видеото подолу.



Извор: Punkufer.dnevnik.hr
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот