X
 27.11.2023 Образование

Студенти на УКЛО - дел од стипендистите на КС групацијата

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола (УКЛО) ја продолжува успешната мисија за вмрежување со деловната заедница. Уште еден ваков настан се одржа на 24 nоември 2023 година. Поводот за ваквиот настан беше доделувањето стипендии од КС Групацијата за 2 студенти од Факултетот за информатички и комуникациски технологии при УКЛО, со што уште еднаш се потврдува квалитетот на студентите од УКЛО.

Ова партнерство со УКЛО означува моќна соработка помеѓу бизнис-секторот и идните лидери на Битола. Договорите вклучуваат стипендии кои обезбедуваат финансиска помош за студентите, додека програмите за практиканство се дизајнирани да обезбедат искуство и менторство од реалниот свет. Овие иницијативи колективно поттикнуваат средина на академска извонредност и личен развој.

uklo

Покрај стипендии за УКЛО, КС Групацијата додели по 2 стипендии за ученици од средното училиште СОЕУ „Јане Сандански“, како и студенти од Меѓународниот славјански универзитет, при што стипендиите ги доделија директорите на КС Групацијата. Идните стипендисти од УКЛО на КС Групацијата се: Петар Митревски - студент во прва година на факултетот за Информатички и комуникациски технологии, Валентин Стојановски - студент во втора година на Факултетот за информатички и комуникациски технологии.

На свеченото доделување како претставници на УКЛО присуствуваа Даниела Андоновска-Крстанова, виш соработник за кариера, алумни и доживотно учење, д-р Гоце Маркоски - советник и одговорен на Центарот за кариера, алумни и доживотно учење и проф. д-р Божидар Миленковски, продекан на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, при што како претставници на УКЛО свое обраќање имаа д-р Гоце Маркоски и проф. д-р Божидар Миленковски.

Потпишувањето на договорите за стипендии е значајна пресвртница во напорите на КС Групацијата за промовирање на општествената одговорност и го отвора патот за повеќе иницијативи кои ги поддржуваат младите и образованието во Битола. Тоа е извонреден пример за тоа како корпоративниот сектор и образовните институции можат да ги здружат силите за да имаат позитивно влијание врз животите на следната генерација.

uklo

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование