X
 27.12.2017 Образование

Осум животни лекции што се учат на факултет

Факултетот ве менува... Навистина! Можеби ова звучи како фраза која би ја чуле од родителите, но ви гарантираме дека по студиите нема да бидете личноста што сте биле. Во продолжение ви ги претставуваме осумте животни лекции што се учат во текот на студирањето, а не се однесуваат на материјалот и струката што ја изучувате.

1.    Преземате улога на лидер

Пред да се запишеме на факултет, повеќето од нас се плашат да преземат улога на водач во одредени ситуации, сметајќи дeка не се доволно добри за тоа и дека некој друг ќе го направи тоа место нив. Меѓутоа, еден групен проект или семинарска работа на факултет може да ве научи дека тоа не е вистина. Кога на денот на презентацијата на семинарскиот труд, пред полна сала, многу лесно можете од срамежлива личност да преминете во улога на водач кој презема „главен збор“ и управува со групата и задачите што треба да се реализираат. Тоа подоцна се пренесува и на другите животни сфери: од организирање заеднички патувања со пријателите до деловни проекти.

2.    Ја прифаќате својата независност

Иако веројатно и натаму сакате да поминувате време со семејството и пријателите, сепак уживате во својата независност. На тоа ќе ве научат обврските при студирањето кои ќе морате сами да ги извршувате, од готвење и расчистување на станот до учење и полагање испити. Кога од средношколец кого родителите и професорите го контролираат и го форсираат редовно да оди на училиште, ќе станете студент кој е препуштен самиот на себе и мора самостојно да се грижи за присуството и постигнувањата, ќе сфатите дека буквално сè зависи од вас и токму во тој момент станувате независна личност.

3.    Станувате подобри во „сортирањето“ на луѓето што ве опкружуваат

Колку што повеќе обврски имате, толку помалку време ќе ви останува за луѓето околу вас. Во таква ситуација, поедноставно ќе ви биде да сфатите кои луѓе ви се важни. Кога ќе имате само час време пауза меѓу предавањата, сигурно ќе ви биде подраго да испиете кафе со колега од факултет отколку со некој другар од основното училиште. Со текот на времето тоа ќе се рефлектира врз сите сфери од животот, и откако ќе ги завршите студиите, ќе научите како да го почитувате своето слободно време и ќе сакате да го поминувате со одбрана група луѓе кои се важни за вас и ве прават среќни.

4.    Сфаќате дека повеќето луѓе всушност не знаат што работат

Да се биде возрасна личност која ги открила сите тајни на животот и универзумот е заблуда! Низ процесот на студирање ќе се сретнете со многу возрасни луѓе за кои некогаш сте мислеле дека се крајно професионални и дека заслужуваат почит. Веројатно и ќе почувствувате некаков вид страхопочит кон нив, сметајќи дека не сте доволно паметни, искусни или способни воопшто и да разговарате со нив. Со текот на времето тоа чувство ќе исчезне затоа што вие сѐ повеќе ќе заклучувате дека сепак се само – луѓе. Токму како и вас. Дека и тие стравуваат, дека прават грешки и дека се сомневаат во себе. Се разбира, ќе сретнете и такви што постигнале вонредни резултати, но многу пореално ќе гледате на нив, сфаќајќи дека тоа го постигнале низ напорна работа и посветеност. Во тој момент, наместо страв, ќе почувствувате желба да им се приближите и да научите нешто од нив, затоа што со целосно право ќе почнете да верувате дека и вие самите можете да постигнете таков или подобар резултат.

5.    Подобро ќе ја сфатите вредноста на парите


До запишување на факултет ретко кој е навистина свесен за вистинската вредност на парите. Особено тоа го сфаќаат студентите што одат на студии во други градови или држави и принудени се самите да се грижат за располагањето, па дури и за заработка на средства. За време на студиите трошоците се зголемуваат, мора да се грижите и за режиските трошоци, за обезбедување храна и генерално - за сите животни трошоци. Дури тогаш станувате свесни колку пари се неопходни и почнувате да штедите и порационално да располагате со вашите пари.

6.    Излегувате од вашата „кутија“


Некои немаат проблем со срамежливоста уште како средношколци, но повеќето имаат. Во моментот кога ќе стигнете на факултет, ќе се опуштите и ќе сфатите дека ако нешто не побарате, нема ни да добиете. Ова е многу корисна лекција за подоцнежниот живот, по студиите.

7.    Станувате подобри во лесни разговори

Ова не е секогаш интересно, но често е добра „нуспојава“ при вечен метеж и многу луѓе околу вас. Научете едноставно да водите лесни разговори со луѓето околу себе затоа што сте принудени на тоа, но некогаш истото може да ви користи да дознаете важни информации, како и да создадете врски за во иднина.

8.    Помалку се грижите


На самиот крај на студирањето веројатно ќе можете да лежите на подот од библиотеката, да плачете и да јадете парче пица истовремено, без да ви е грижа што мислат за вас луѓето што ве опкружуваат. Чувството на срам веројатно никогаш нема да исчезне, но она што ќе го научите во текот на студиите е дека сè помалку ќе се грижите што мислат другите за вас. Престанете да се оптоварувате со тоа и живејте го својот живот знаејќи дека секогаш ќе постојат оние што имаат позитивно, но и оние што имаат негативно мислење за вас – и тоа ќе биде сосема во ред за вас.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование