X
 26.11.2015 Образование

Колку чини студирањето во европските земји?

Школарината на државните универзитети во Македонија е фиксна - 200 и 400 евра, плус административните трошоци. Тоа не е најниска школарина во Европа, но е далеку од највисоката.


Најновата годишна анкета за образование и висина на школарина во повеќе од 30 земји ја оцени Англија како најскапа во поглед на цената на студиите на додипломско ниво. Во просек, англиските студенти плаќаат околу 6.000 фунти, односно над 8.000 евра годишно, но сумите честопати достигнуваат и до 10.000 евра.

Податоците од Европската комисија го покажуваат истото - Англија убедливо води во висината на школарините. Извештајот за 2014/2015 година на Европската комисија покажува податоци за сумите кои ги плаќаат студентите и грантовите или стипендиите кои се добиваат во секоја земја посебно.

Во извештајот биле вклучени: Турција, Норвешка, Црна Гора, Лихтенштајн, Исланд, Шкотска, Северна Ирска, Велс, Англија, Шведска, Финска, Словачка, Словенија, Романија, Португалија, Полска, Австрија, Холандија, Малта, Унгарија, Луксембург, Литванија, Летонија, Кипар, Италија, Хрватска, Франција, Шпанија, Грција, Ирска, Естонија, Германија, Данска, Чешка, Бугарија и Белгија.

Дури 11 од овие земји не наплаќаат школарина за своите студенти и студентите од ЕУ. Дел од земјите наплаќаат административни трошоци, како Чешка (20 евра) или Словачка (50 евра).

Во табелата се износите на школарините за редовни додипломци. Сумите се однесуваат на поголемиот дел од студентите и треба да се има предвид дека во некои земји, помал број студенти плаќаат повисоки суми. Земјите во коишто школарините не се регулирани и се различни за секој универзитет е пресметан просекот. Сите школарини се однесуваат на државните универзитети.

Од сите земји на листата, школарината е бесплатна и за меѓународните студенти во Германија, Грција и Норвешка, а во Чешка, меѓународните студенти плаќаат само 20 евра, исто како и домашните студенти.

Износот е во евра.



Во извештајот се објавени и податоци за грантови и стипендии кои ги земаат студентите. Може да се види дека студентите во Финска, Малта, Луксембург и Данска редовно користат грантови или стипендии и на нив имаат право сите студенти.


Во Македонија, државни стипендии се доделуваат на 4,89% од студентите (за социјално-економска состојба, за студенти со особено висок просек и за студенти на природно-научни факултети со просечен просек).


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование