Во случај да пропуштивте...
Ви нудиме краток преглед на авторските теми што ги објавивме неделава:
-
Живот во влага и мувла, клозети од гипс-картон, нефункционалност на котлите во домот „Стив Наумов“. Поради неквалитетни материјали, се трошат буџетски пари за едни исти намени: Констатирани се низа пропусти: несменет азбест на покривот, поставување подови врз паркет, санитарни јазли изведени од гипс-картон, нефункционалност на котлите, поради што корисниците се соочуваат со проблем за топла вода, необложена инсталација и губење на топлината.
-
Дедо Мраз е во изолација, го заменува д-р Горан од Нирнберг: „@doktor.goran“, под ова име на „Инстаграм“ ќе го најдете триесет и едногодишниот д-р Горан Трајковски, кој веќе пет години живее и работи во Нирнберг, Германија. Овој млад и забавен доктор, кој многу често едуцира преку видеата што ги објавува, а кој во моментов специјализира интерна медицина во клиника близу Нирнберг, деновиве е особено актуелен поради една од најголемите наградни игри (giveaway) што се организирани годинава.
-
Брановите на Ковид-19 носат бранови на сиромаштија. Што нѐ очекува? Негативните ефекти од кризата може да бидат особено силни врз семејствата со три и повеќе деца, децата Роми и селските домаќинства. Но таа ќе изврши удар и врз лицата што имаат несигурни работни места, првенствено во услужните дејности.
-
Песни за геометриски тела, аритметички операции, множества. Математичкиот јазик во поезијата на проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска: Напишала 33 песни за едно деноноќие. Моќта на нејзината поетска реч е уште поголема ако се знае дека емоциите, секојдневните ситуации, идеи и парадокси на живеењето ги прикажа преку геометриски тела, аритметички операции, множества, Хи-квадрати, Т-тестови, квартили, Фибоначиеви низи...