Во случај да пропуштивте...
Ви нудиме краток преглед на авторските теми што ги објавивме неделава:
Се крена многу прав околу најавената реформа во основното образование. Нештата се обелоденија, се стекна впечаток некако наеднаш, иако лично сметам дека за зафати кои се во интерес на здравјето на вака сериозно и долготрајно заболен организам каков што е образованието, каков и да беше пристапот, правот ќе беше неизбежен…, вели Елизабета Секирарска.
Откако Фондот за здравствено осигурување одлучи овие две лабораториски услуги да ги стави на позитивната листа, дел од матичните не можеа да дадат упати за нив, а потоа дел од оние што се обиделе да ја добијат оваа услуга биле враќани.
Таква фигура на 20 век како Блаже Конески немаат ни поголемите нации, науки и земји, вели Весна Мојсова-Чепишевска, директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура Со какви новини ќе ја започнете новата или Блажевата 2021?
Ѓоргиев, кој инаку е и рекордер по бројот на настапи во црвено-жолтиот дрес, со 120 меча досега, е поим за истрајност, упорност и посветеност во својата работа.
„Ја создадовме „Челинџер“ затоа што мислевме дека недостига алатка која ќе создаде општествено одговорна заедница, велат иницијаторите на апликацијата “.
Наставници критикуваат дека реформите се прават набрзина. Не брзаме, туку доцниме, одговори Царовска Некои од наставниците оценија дека реформите се прават набрзина, како и дека не е доволно истражувано околу моменталните состојби во образованието, иако се согласни дека промени во системот се неопходни
Не е дека младите не се свесни што значи подобро образование, туку имаат недоверба во системот дали тоа може да се постигне. Оти под подобро образование се подразбира да немате наставници од 20 век кои образоваат ученици од 21 век, тоа е како 100-годишен јаз.
Министерката Ирена Стефоска за проблемите во културата: Не сме свесни што поседуваме, имаме богато културно наследство што без зборови говори за нас
Пандемијата не беше единствената „домаќинка“ што ме пречека како проблем, под „министерскиот тепих“ имаше тврдина од децениски поттурнати проблеми, вели министерката за култура Ирена Стефоска во интервјуто за Факултети.мк.
Леонида и Дарио - брат и сестра прваци во јавање. Јавањето им е како миење заби наутро
Задржувањето на шампионските титули е големо оптоварување кое мора да биде поткрепено со редовни тренинзи.
Мотивацијата на учениците што и како да учат ќе зависи од тоа каков систем на оценување ќе постои.
Tие што имаат недостиг на горен екстремитет, поточно недостиг на подлактница, ќе можат да ја посетат нивната веб-страница, каде што ќе има листа на делови со линкови од онлајн-продавници од каде што може да се купат истите, и потоа да ја состават целата бионичка рака за само еден час, без никакво претходно искуство, со помош на дадените инструкции на веб-страницата.
Првата музејска поставка на Институтот била отворена во шеесетите години од минатиот век, вели проф. д-р Александар Станков, раководител на Институтот.
Колку и да звучи како празна флоскула, клучно е ние младите да имаме еднакви можности и место на масата каде што се одлучува за социјалниот, економскиот и политичкиот живот во местото каде што живееме. Градовите се во најдоброто издание кога се градат од заедници - а заедниците сега ги градат млади, на нови и иновативни начини.