X
 11.11.2018 Живот

Ученичките домови се во финансиска криза, средношколката Анамарија Георгиевска е македонска шампионка во таеквондо, Германија е „ветената земја за инженери“... Што истражуваше неделава Факултети.мк

Ученичките домови едвај сврзуваат крај со крај, кои се придобивките за македонските студенти од практичната настава во Германија, како средношколката Анамарија стана шампион во таекводно...Ова се само дел од темите што минатата недела ги истражуваше Факултети.мк.

Директори на неколку ученички домови во Македонија ни открија дека се соочуваат со финансискa криза. Проблемот лежи во тоа што од државата добиваат по 7.500 денари месечно за ученик. Со овие средства тие треба да ги платат режиските трошоци, одржувањето на домот, храна за учениците и плати за сите вработените бидејќи тие не добиваат посебни блок-дотации за таа намена.
- Начинот на финансирање е најголем проблем, а тој е погубен за домовите во кои се сместуваат помал број ученици. Добиваме 7.500 денари по ученик, десет месеци во годината. И тоа е сѐ. За јули и за август не земаме никакви средства. Ние всушност треба ем да платиме сѐ ем да заштедиме за овие два месеца. Тоа не е можно. Ние во текот на месецот не успеваме ни основните трошоци да ги покриеме, а да не зборуваме за некаква заштеда - раскажа за Факултети.мк директор на ученички дом.



Минатата недела големо внимание предизвика сторијата за средношколката Анамарија Георгиевска, која е македонска шампионка во борачката вештина таеквондо.
Пред само неколку недели оваа борбена девојка мораше да се соочи со суровоста на спортот и прашањето која е цената за да се постигне нешто. Имено, на Младинските олимписки игри во Буенос Аирес, каде што требаше да настапи во категоријата до 55 кг, проблем ѝ направија 500 грама. Таа беше пријавена за олимписките игри пред две и пол години и не беше возможно точно да се предвиди во која категорија ќе биде две години подоцна, објаснија нејзините тренери Борче Костовски и Дарко Костовски.
Но, од Младинските олимписки игри не дозволиле промена на категоријата и таа заедно со своите тренери се впушти во „пеколна“ работа и за помалку од еден месец се обидоа таа да ослабне 8 кг.
- Шансите беа големи да ги симнеме и тие 500 грама, но мојот тренер, кој е и лекар по професија, одлучи дека тоа е премногу ризично за моето здравје. Не сум разочарана. На овие Младински олимписки игри отидов со највисок резултат од Македонија - како трета на Светско првенство и најважно е дека пред мене допрва има простор за докажување, убедена сум дека ќе продолжам да постигнувам врвни резултати - ни откри храбрата Анамарија.



Ања Наумоска и Ирина Ивановска, две студентки на ФЕИТ, ни раскажаа како си поминале на пракса во Германија и кои се придобивките од престојот.
Тие велат дека речиси во секоја фирма во Германија има отворени позиции за студенти на половина работно време. Со парите што ги заработуваат за 20 работни часа неделно можат да водат скромен студентски живот и да не бидат на товар на родителите.
- Веројатно поради тоа се осамостојуваат толку рано и се подготвени да преземаат повеќе ризици. Од друга страна, образованието за додипломски студии е финансиски достапно за секој, како во Германија така и во Македонија. Па ако еден млад човек има желба и капацитет, може да успее и таму и тука – ни изјави Ања.

Со нашиот познат перкусионист Гоце Стевковски, кој е и претседател на Здружението на џез-музичари и слободни уметници, разговараме за проблемите со кои се соочуваат џез-музичарите. Тој вели дека Македонија има одлични џезери, ама џабе кога никој не знае дека постојат.
- Повеќе не можеме да постигнеме без поддршка од институциите, пред сè, од Министерството за култура. Потребни ни се капацитетите во државата, салите, простор за вежбање. Медиумите мора поактивно да се вклучат. Неопходни ни се сериозни емисии, да разговараат со луѓето што се занимаваат со музика, да ја сфатат и да ја пренесат суштината. Ние имаме сериозен недостиг од медиумско претставување. Исто како кога имате најдобар производ - ама го нема во продажба и никој не знае за тоа – ни откри Стевковски во интервјуто.



Стигнаа казните во градинката „Буба мара“ во Ново Лисиче - откако мајка пријави дека ѝ го заплашувале детето. Случајот со градинката кој ни го откри мајката на тригодишното девојче минатата недела имаше епилог. Парично се казнети воспитувачка и две негувателки. Директорката на градинката, Елена Устамитова, ни испрати соопштение во кое се вели:
„По спроведување на дисциплинската постапка (земање изјави од обвинетите, увид во изјавите дадени од родителите на другите деца од групата, нормите утврдени во Протоколот за постапување во случај на настанат инцидент во градинката и член 148 од Законот за заштита на децата) констатирано е дека именуваните сториле повреда според Законот за заштита на деца и член 4 од Протоколот на градинката, за што им е изречена дисциплинска мерка – парична казна.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот