Како се фалсификуваат дипломи и лични документи, четиригодишно дете од Пехчево ги знае знамињата на сите земји во светот, кои списанија за децата се застапени во нашите градинки, значењето на истражувачкото новинарство денес. Ова се неколку од темите што оваа недела беа објавени на Факултети.мк.
Еден од најчитаните текстови неделава беше репортажата од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи. Ивана Марковска - главен инспектор, вешто лице во одделението за испитување спорни документи при Одделот - нè прошета во лабораторијата и од прва рака ни покажа како се испитуваат спорни документи. Таа ни раскажа
што најмногу се фалсификува и како се проверува веродостојноста на документот.
Давор Поповски
„Четиригодишниот Давор од Пехчево никаде не оди без македонското знаме“. Ова е насловот на приказната за малиот Давор Поповски, чии омилени играчки се државните знамиња, а најмногу ги сака македонското и албанското знаме. Сосема случајно ова хоби му станало најомилено на малиот Давор, а во тоа голем удел има неговата тетка Магдалена Поповска, која е наставничка по француски јазик во основно училиште во Пехчево.
Ова е неговата приказна.
Издавањето на детските списанија за претшколска возраст е регулирано со Законот за детска заштита. Факултети.мк истражуваше каква е понудата за нашите деца додека одат во градинка.
Во процедурата на објавување и одобрување на списанијата се вклучени Министерството за образованиe и наука, преку Педагошката служба и Министерството за труд и социјална политика. „Создавањето печат за деца е сериозна и одговорна задача.
Од кои списанија учат децата во нашите градинки?“
„Новинарството не постои за да го храни егото, туку за да ѝ служи на заедницата“, вели Карло Бонини, новинар во „Ла Република“ и гостин на Истражувачкиот филмски фестивал - Скопје што го организира Платформата за истражувачко новинарство – ПИНА.
Со Бонини разговаравме за истражувачкото новинарство во Италија, но и за тоа кои вредности еден новинар не смее никогаш да ги заборави во својата работа. Тој вели:
- Информирано јавно мислење е императив за слободно и свесно општество и истражувачкото новинарство е основната алатка за јавното мислење да биде такво. Новинарството беше мојата прва љубов – вели тој во
интервјуто за Факултети.мк.
Карло Бонини
„Децата се преоптоварени со учење, со премногу часови. И во основно и во средно образование. По 30 часа неделно (од 29 до 32, во зависност од годината), плус дополнителна или додатна настава, плус проекти од активности, кои им земаат дополнителен дел од слободното време. Особено кога се втора смена, во 6 часот попладне, кога веќе е стемнето“, вели наставничка по македонски јазик во средно училиште во Скопје.
Таа објаснува зошто пред 20 години имавме паралелки и со 48 средношколци, а пак постигнуваа подобри резултати од денес.
Секој медиумски писмен граѓанин не ги сфаќа здраво за готово медиумските содржини, без разлика во која форма се, туку пред да ги „консумира“, критички ги анализира, ги толкува, ги проверува дали се точни и целосни. Што е медиумска писменост и кој денес се смета за медиумски писмен човек? Какви знаења треба да има некој за да се нарече така?
Александра Теменугова, раководител на студиска програма по новинарство на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста,
за Факултети.мк објаснува што е медиумската писменост, дали е застапена во образованието и колку е важно децата од најмала возраст да имаат вештини кои понатаму ќе им помогнат да станат критичка публика на која нема да биде лесно „само“ да ѝ се сервираат информации.