X
 27.12.2021 Живот

Требало да плати 22.600 долари за замена на батеријата на „тесла“, па решил да го уништи автомобилот

Што би направиле доколку не можете да си дозволите замена на батеријата на вашиот автомобил? Дали би го кренале во воздух?

Финецот Туомас Катаинен решил да го направи токму тоа кога му било кажано дека за замена на батеријата на неговата „тесла“ модел С ќе треба да плати повеќе од 22.600 долари. Тој одлучил дека сумата е преголема и се здружил со друг јутјубер за да го уништи автомобилот со 30 килограми динамит.

Катаинен објаснува дека неговото возило функционирало одлично при минување на првите 1.500 километри, но потоа почнале да се појавуваат проблеми и да покажува дека има грешки.

Тој го однел автомобилот на поправка, а по околу еден месец му било кажано дека мора да ја замени целата батерија, за што требало да плати повеќе од 22.600 долари.

- Им кажав дека ќе одам да си го земам автомобилот. Сега ќе го разнесам - вели тој во видеото.

Во видеото можете да ја погледнете експлозијата, како и дали некој дел бил спасен и дали Катаинен бил задоволен од одлуката, но и дали батеријата или друг дел можеле да се рециклираат.



Извор: Interesting Engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот