X
 28.02.2021 Живот

Маските биле задолжителни и за време на пандемијата на шпански грип во 1918 година

Луѓето се приспособија на животот со Ковид-19 и носењето маски за лице останува задолжително во многу земји.

Пред еден век епидемијата на шпански грип за брзо време се рашири низ целиот свет, убивајќи повеќе од 50 милиони, а можеби и 100 милиони луѓе во рок од 15 месеци. Размерот, влијанието и природата на болеста тогаш многу се разликуваа од денешната пандемија, но носењето маска на лицето за да се спречи понатамошна зараза стана широко усвоено, како и сега.

Додека некои од маските биле направени од несоодветен материјал или не се користеле правилно, повеќето луѓе имале одредено ниво на заштита за спречување на болеста. Во продолжение е дадена колекција на слики од пред еден век кои покажуваат како луѓето тогаш давале сѐ од себе за да се заштитат и себеси и другите.

ГАЛЕРИЈА

Извор: The Atlantic
Фото: National Archives
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот