X
 01.08.2015 Наука

Најубавата мутација кај човекот - вистина или мит?

Александрија генесис, исто така позната како виолетово око е многу ретка генетска мутација која предизвикува мал број на промени во организмот кои се невозможни. Верувале или не, светот е се уште со поделено мислење во врска со постоењето на оваа состојба.


По изминати шест месеци од животот, очите почнуваат да се менуваат од оригинална боја во виолетова. Во текот на животот очите стануваат се потемни. Луѓето со ова заболување имаат коса само на главата и таа е со црна боја, многу брз метаболизам и жените се фертилни и покрај тоа што немаат менструални циклуси. По 50-та година овие луѓе едноставно не стареат и ова трае се до 150-та година од нивниот живот. Нивната кожа е прозирно бела и е отпорна на сончеви изгореници. Исто така, мутациите се пренесуваат на потомството и секоја генерација стануваат се посилни.

Овие факти може изгледаат фасцинантно но дали тие се реални?

Научниците сметаат дека оваа мутација не постои. Имено виолеетови очи е можно да се јават но тие се екстремно чуствителни на сонце. Да се биде фертилен без менструални циклуси е биолошки невозможно. Некои животни имаат можност да се размножуваат на овој начин но кај нас овие две работи се природно поврзани. Луѓето со побел тен на кожата се почуствителни на сонце отколку тие со потемна боја на кожата. Да се има коса само на главата е можно. Ова се јавува при Androgen Insensitivity Syndrome, но тоа се случува само кај жените и тие жени немаат матка односно тое не се фертилни.

Многу високиот метаболизам е неизводлив, бидејќи со толкав интензитет на метаболизам нашето тело би имало температура на горење. Во однос на староста, најстариот човек имал 122 години и бројката од 150 години старост навистина барем засега не е реална.

Но постои еден реален случај кој вели дека во далечната 1329 година во Лондон се родило женско дете со виолетови очи. Нејзиното име било Александра и нејзиното потомство живеело повеќе од сто години.

Интересно е да се замислат вакви луѓе со вакви фантастични карктеристики, но за жал оваа мутација не постои. Но, луѓето постојано мутираат, па можеби некогаш состојбата ќе се докаже како реална.

Извор: Optimum Naturae


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука