Зошто на 15 степени Целзиусови надвор се чувствуваме пријатно, но во вода, на иста температура чувствуваме дека ни е студено? Ако водата и воздухот се иста температура, што е она што прави разлика во нашето доживување?
Сè се сведува на начинот на кој нашето тело ја апсорбира топлината.
Сè додека температурата во опкружувањето е пониска од нашата телесна температура, нашето тело ќе испушта топлина - и обратно.
Количината на топлина која ја испушта нашето тело како и тоа колку брзо ја испушта зависи од тоа колку е добар проводник во опкружувањето. Како што металната лажица апсорбира повеќе топлина од топлата супа отколку пластична лажичка, така водата апсорбира повеќе
топлина од нашето тело отколку воздухот, па затоа таа е подобар проводник.
Топлината го напушта нашето тело побрзо во вода отколку на воздух, па затоа ни е поладно.
Зошто на 15 степени Целзиусови надвор ни е топло, а внатре студено?
Фактот што на 15 степени Целзиусови внатре ни е студено, а надвор пријатно, зависи од зрачењето на топлината. Надвор, енергијата на сонцето постојано е околу вас, без разлика дали сте директно на сончева светлина или дали таа се филтрира низ облаците. Внатре нема сонце и постојаниот проток на воздух/топлина/вентилација во зградата го забрзува губењето на топлина од нашето тело.