X
 13.08.2021 Живот

Во јапонски град измерена најниската августовска температура кратко по забележувањето на највисоката температура досега

Една недела откако јапонскиот остров Хокаидо беше погоден од топлотен бран, температурите во најсеверниот град Ваканаи се спуштиле на најниско ниво во август по повеќе од еден век.

Температурата во овој град во четвртокот се спуштила под 3 степени Целзиусови, што е најниска забележана температура во август во последните 128 години. На 29 јули, во градот била забележана највисоката температура измерена досега, 31 степен Целзиусов.

Слични промени во температурата биле забележани и во градот Хороканаи, кој се наоѓа појужно од Ваканаи.


Фото: Хокаидо/Pixabay

Последните недели Јапонија се соочува со екстремни временски услови и големи промени во температурата. Температурата во Токио минатата недела се искачила на 40 степени, а повеќе олимпијци се пожалиле дека високата температура ги попречувала спортските активности за време на Олимписките игри.

Истовремено, на островот Кјушу имало силни дождови, а повеќе жители се евакуирани поради опасност од поплави и лизгање на земјиште.

Извор: Insider
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот