X
 05.03.2016 Здравје

Една секојдневна навика го зголемува ризикот за дијабетес за 47%

Ново истражување покажува дека проблемите со спиењето може да го зголемат ризикот за дијабетес.


Доколку никако не успевате да заспиете пред полноќ, можеби едно ново истражување ќе биде доволна причина за да ги решите проблемите со спиењето побрзо. Имено, ново истражување покажува дека проблемите со спиењето го зголемуваат ризикот за дијабетес од тип 2.

Имено, дури и тешкото запивање го зголемува ризикот за дури 47%. Кога ќе се земат предвид и другите ризични фактори за дијабетес како високиот притисок и индексот на телесна маса, се зголемува и ризикот за добивање дијабетес. Ова е најголемо истражување досега за поврзаноста на проблемите со спиење и дијабетес од тип 2. Потешкотиите со спиењето го зголемуваат хормонот за стрес кој е поврзан со отпорноста на инсулин.


Намалено лачење инсулин поради помалку спиење

Жените со проблеми во спиењето кои и работат ноќни смени и спијат помалку од 6 часа имаат дури 400% поголеми шанси за дијабетес. Жените со само еден фактор имаат поголем ризик за дијабетес за 47%. За превенција битни се и квалитетот и траењето на сонот.

Не паничете доколку ви се случи проблем со спиењето понекогаш. Неколку ноќи нема да направат голема разлика. Доколку проблемот е хроничен, тогаш е опасно. Истражувањето покажало дека оние кои спијат помалку лачат помалку инсулин, а со тоа и имаат повисок шеќер. Само две ноќи нормален сон ги враќаат вредностите на нормала.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје