Експертите го посочуваат „правилото на три“ кога станува збор за преживувањето на човекот: може да живеете три недели без храна, три дена без вода, три часа без засолниште и три минути без воздух.
Очигледно, може многу повеќе да издржите надвор кога е топло, отколку кога е студено. Исто така, може повеќе да издржите без вода кога е студено, отколку кога е топло.
Погледнете што ве убива кога нешто од овие работи ви недостасува:
Живот без храна
Колку време на човекот му е потребно за да се изгладни до смрт зависи и од општата здравствена состојба, возраста и резервите на телесни масти. Обично кај возрасните тоа е од 8-12 недели, а постојат случаи што преживеале и до 25 недели без храна. Прегладнетиот човек е помалку чувствителен на жед, па понекогаш смртта е и од ефектите на дехидратација. Исто така имунолошкиот систем слабее, има дефицит на витамини, а често причината е срцев удар.
Живот без вода
Водата е од суштинско значење за животот. Според возраста, родот тежината ние се состоиме од 60-65% вода која се користи за варење на храната, носење на кислородот, отстранување и сл. Ако се одлужите на живот без вода првин доаѓа жедта кога ќе изгубите 2% од тежината. Потоа се изклучува бубрегот, се намалува потребата за уринирање, кожата е сува, а се јавува и сува кашлица. Киселоста во желудникот е зголемена, јазикот отекува, а очите и мозокот се намалуваат. Дехидратацијата води до халуцинации, напади и кома. Смртта може да биде поради откажување на црниот дроп, бубрезите или срцето.
Постојат записи дека може да се живее и со една недела и повеќе без вода. Сепак за ова не треба да се експериментира.
Живот без сон
Секој нов родител може да се увери дека е возможно да се живее без сон. Но, спиењето игра улога во дормирање на меморијата, регенерација на ткивата, и синтеза на хормоните. Недостатокот од спиење доведува до намалена концентрација, намалени ментални процеси и мотивација и изменета перцепција. Експертите велат дека без сон се издржува од 3-4 дена, а познато е дека луѓе останале будни и од 8-10 дена. Една или две непроспиени ноќи може да поминат без видливи оштетувања. Светскиот рекорд го држи Ренди Гарднер кој издржал 264 часа буден, а постои синдром Морван кој може да ја држи личноста будна и до неколку месеци.
Живот без воздух
Колку долго личноста ќе остане без воздух е прашање на тоа колку кислорот ќе недостасува. Кога мозокот е лишен од кислорот смртта се случува затоа што нема хемисла енергија да се хранат мозочните клетки. Колку долго тоа ќе трае зависи од температурата, метаболизмот и други фактори. Лицето кое е лишено од кислорот може да преживее и до 6 минути откако срцето ќе престане да чука. Ако лицето е лишено од кислород на пример со давење, свеста се губи меѓу 30 и 180 секунди. Сепак постојат рекурди за издржување без
воздух и до 22 минути и 22 секунди без оштетување на мозокот.