Најпрво започна Хајге, потоа Лагом и на крај плогинг. Постои и капење во шумата, додека звучните бањи на луѓето им овозможувале лежење на подот во спа-центарот додека некој нежно удира гонг.
Се запознавме дури и со јога со кози.
Меѓутоа, сето ова сега останува во сенка поради најновиот велнес-тренд: гушкање со кравите.
Фото: Getty Images
Една фарма во северниот дел на Њујорк им нуди можност на луѓето да поминат 90 минути во друштво со крави. Фармата „Маунтин Хорс“ објаснува дека кравите се чувствителни, интуитивни животни кои земаат предвид што се случува со човекот и чувствуваат дали сте среќни, тажни, изгубени, вознемирени или возбудени.
Се смета дека времето поминато со кравите нуди придобивки - од релаксација до градење доверба и надминување на стравовите.
Меѓутоа, експертот за однесување на животните, Марио Бекер, предупредува дека кравите се животни што избегнуваат друштво. Гушкањето со нив не е природна потреба на кравите, вели тој.
Сепак, голем дел од луѓето се привлечени од концептот.
Пред да ги спакувате торбите и да се упатите во њујоршките фарми, треба да знаете дека гушкањето со кравите не е евтино. Фармата во Њујорк наплатува 300 долари за околу 90 минути гушкање со кравите. Најевтино гушкање има во Европа - на фармите во Швајцарија и во Холандија можете да се гушкате со крава за околу 50 евра за три часа.
Предвидувањата за
велнес-трендовите за 2018 година не завршуваат тука. Се смета дека следниот тренд е капење во сено - практика за која се смета дека потекнува од Австрија од пред 200 години.
Како функционира?
Фото: Hotel Heubad
Завиткани сте во сено што е потопено со топла вода, пред да биде поставено на водено лежиште со температура од 40 степени. Се смета дека третманот помага при олеснување на болката и циркулацијата.