X
 28.05.2020 Живот

Оздравени 16 пациенти, 38 нови случаи со Ковид-19

16 оздравени пациенти регистрираше Институтот за јавно здравство во изминатите 24 часа и тоа во: Скопје-1, Куманово-1, Прилеп-4, Велес-9, Битола-1. Од 560-те тестирања се регистрирани 38 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-24, Куманово-4, Штип-4, Тетово-3, Битола-1, Неготино-2. Починати се три лица. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2077, бројката на оздравени пациенти е 1486, на починати е 122, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469. Последната дистрибуција по градови е:

• Скопје – 771, активни 232
• Куманово – 442, активни 36
• Дебар – 51, активни 0
• Штип - 54, активни 19
• Прилеп –211, активни 43
• Тетово – 182, активни 71
• Струга – 77, активни 9
• Велес – 128, активни 31
• Битола –29, активни 7
• Охрид –23, активни 8
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар –22, активни 4
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 3, активни 1
• Крива Паланка- 6, активни 0
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 0
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино -12, активни 5 (7 заболени лица се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод - 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 0
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -1, активни 0
• Виница – 3, активни 1
• Кратово-2, активни 1
• Берово-1, активни 0
• Свети Николе-1, активни 1

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 168 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Куманово и Скопје и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.


На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примени се 3 пациенти, хоспитализирани се вкупно 47 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација е 1 пациент.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот