За време на пандемијата имаше повеќе дискусии за лековите што се користат за ублажување на симптомите на ковид-19.
Според истражување објавено неодамна, еден од најпознатите лекови што се користеле за болеста, впрочем, не е ефикасен. Станува збор за „ивермектин“, кој е антипаразитичен лек што се користи за луѓе и животни. Истражувањето покажало дека лекот не го намалува ризикот од хоспитализација.
Истражувачи од Бразил направиле анализа на 1.300 пациенти, од кои половина го примале лекот, а другата половина примале плацебо. Авторите на истражувањето заклучиле дека третманот со „ивермектин“ не го намалил бројот на хоспитализации поради ковид-19.
Фото: Pixabay
Во пандемијата овој лек се користел како експеримент, а некои истражувања покажале и дека тој може да го блокира коронавирусот.
Сепак, американската Администрација за храна и лекови им порачала на луѓето да не го користат лекот за третирање ковид-19, предупредувајќи ги дека тој може да предизвика негативни ефекти како вртоглавица, повраќање, болка во абдоменот, невролошко нарушување, а дури и хепатит.
Извор:
Indy100
Насловна фотографија: Pixabay