26.04.2020
Здравје
Добра вест- оздравени се 126 пациенти!
Во последното деноноќие оздравени се 126 пациенти. Во Скопје – 22, Штип -1, Струга – 19, Охрид – 1, Велес – 6, Гевгелија -3, Кавадарци – 1, Крива Паланка -1 и Куманово -72, информираше Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа направени се 335 тестирања, а потврдени се 19 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-3, Куманово -8, Прилеп -2, Струга -2, Велес -2, Гостивар-1, Виница -1. Со ова, вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во нашата земја изнесува 1386, од кои активни случаи се 825.
- Во ГОБ „8 септември“ починаа 2 лица, пациентка од Липково (Куманово) на 49 години, примена на 3 април со потешкотии во дишење и веднаш поставена на респиратор и 73 годишен пациент од Скопје, примен на 19 април во многу тешка општа состојба – се велат од МЗ.