X
 03.06.2021 Живот

Во Чешка се гласа закон за жените да можат да ги ставаат презимињата во машки род

Долниот дом на чешкиот парламент вчера со 91 глас „за“ изгласа закон кој на жените им овозможува слободно да одбираат дали презимето ќе им биде во женски или во машки род.

Околу една третина од пратениците беа против предлогот, а за да стапи во сила, законот мора да добие зелено светло и од Горниот дом на парламентот.

Чехинките ја додаваат наставката „ова“ на нивните презимиња. Досега од ова правило беа исклучени само Чехинките што биле омажиле за странец или биле припаднички на некое малцинство. Во текот на изминатите години имаше многу критики за тој закон. Така, германската канцеларка Ангела Меркел во чешките медиуми беше пишувана како Ангела Меркелова. Поранешната министерка за правосудство Хелена Валкова за ова правило зборуваше како за „знак на нееднаквост кој е апсурден во денешниот свет“.

Извор: 24sata
Насловна фотографија: Pixabay

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот