X
 15.07.2022 Здравје

„Амазон“ работи на вакцина за рак на дојка и на кожа

Американската компанија „Амазон“ работи на вакцини против ширењето на ракот во соработка со центарот „Фред Хачинсон“, јавуваат американски медиуми. Вакцините треба да бидат за рак на дојката и на кожата.

Компанијата и центарот започнале тестирање на вакцините на 9 јуни годинава, а истото треба да заврши во ноември 2023 г. Во првата фаза вакцините се тестираат на 20 пациенти на возраст над 18 години.

Од „Амазон“ потврдиле дека работат на вакцините и откриле дека тестирањето било одобрено од Американската агенција за храна и лекови. Вакцините се за пациенти кои веќе имаат дијагноза на рак во подоцнежна фаза и на кои ракот веќе им се проширил на друго место.

„Амазон“ инвестирала во здравствениот сектор и порано. Минатата година фирмата ја основала фирмата „Амазон кер“, која им нуди медицински услуги на далечина на вработените во „Амазон“.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје