X
 28.06.2020 Живот

Непрофитната организација на Шон Пен прави бесплатни тестови за Ковид-19

Поминаа 10 години откако холивудскиот актер и филантроп Шон Пен мобилизира огромен тим од волонтери за обнова на Хаити, откако островот беше погоден од земјотрес во кој починаа 250.000 луѓе. Неговата непрофитна организација CORE сè уште постои, со 150 луѓе што работат со локалните заедници.

Сега е потребна помош токму за неговата земја, па затоа организацијата бесплатно помага во тестирањата за Ковид-19 во заедниците.

Организацијата веќе направила 530.000 теста и уште поважно - ги ослободи пожарникарите да се вратат на нивните редовни задачи.

Откако Шон Пен дознал дека станиците за тестирање биле управувани од пожарникарите во Лос Анџелес, тој испратил обучени волонтери за да ја преземат програмата на градот.

son
Фото: Screenshot/YouTube

Градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети, му рече на Пен дека би им била добредојдена помошта. Така помошта наскоро се проширила и во другите градови во Калифорнија.

- Противпожарната служба во Лос Анџелес веќе постави и управуваше со овие центри за тестирање, но тоа значеше дека тие не би биле на располагање доколку би била потребна нивната помош - изјави Пен во едно интервју.

CORE исто така обезбедува бесплатно тестирање и во Бејкерсфилд, Оукланд и Напа, а сега се прошири и во Атланта, Џорџија, Њујорк, Њу Орлеанс, Детроит, Чикаго и во Навахо.

Објаснувајќи го неговиот интерес во волонтерството, Пен изјави дека чувството за граѓанска должност ја наследил од својот татко, нешто кон кое се стреми секој ден.  



Извор: Good News Network
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот