X
 28.04.2016 Култура

Државата која има повеќе регистрирани компании отколку жители

Оваа жолта зграда северно од центарот на Вилмингтон е регистрираната адреса на над 285.000 компании. Тоа е повеќе од било која адреса во светот.


Официјално, адресата 1209 North Orange е дом на „Apple“, „American airlines“, „Coca Cola“, „Walmart“ и десетина други компании кои се најдоа на листата од најголеми компании на „Fortune 500“ годинава.

Регистрацијата во Делавер им овозможува на компаниите легално да префрлаат заработки од други држави во Делавер, кадешто нема да бидат оданочени за заработката надвор од сојузната држава.

За оваа дупка во законот се вели дека останатите држави ги чини над 9 милијарди долари во загубени даноци во текот на изминатата декада, а истата го прави Делавер еден од најголемите рајови за одбегнување данок. Но, на оваа адреса не се регистрирани само големи корпорации, туку и политичари, како Хилари Клинтон и Доналд Трамп.

Процесот на отворање компанија во Делавер може да биде завршен за само неколку часа и бара помалку документи од отворање членска карта во библиотека.

Во државата има регистрирано над 1 милион компании, што е повеќе од населението на целата држава - 935.000 жители.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура