X
 28.07.2019 Технологија

Еден возач ќе може да контролира два камиона

Визијата на „Пелотон Технолоџи“ за иднината на камионската автоматизација вклучува камиони кои воопшто не се автономни.

На симпозиум за автоматизирани возила во Орландо, САД, овој стартап од Силициумската долина откри нов систем наречен Автоматизирано следење, кој му дава на камионот исклучителен степен на автономија за самостојно возење така што тој ги копира постапките на камион управуван од страна на човек.

Системот работи преку копирање на инструкциите за возење и кочење дадени од втор камион управуван од човек.

-Ние возачите ги сметаме за најдобрите сензори на светот и ова го засилуваме за да им овозможиме на возачите да бидат попродуктивни преку автоматизирани водови - истакна извршниот директор на стартапот Џош Свиткис.

Од компанијата не истакнуваат до каде се со тестирање на системот. Сепак, ако/кога ќе биде подготвен за на пат, техниката има потенцијал да им заштеди многу пари на компаниите кои работат со камиони.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија