X
 28.07.2022 Наука

НАСА ќе испрати нови хеликоптери на Марс за транспорт на примероци

По успешното тестирање на „Инџинуити“ (генијалност), малиот хеликоптер што го придружуваше роверот на НАСА до Марс, американската вселенска агенција НАСА сака да испрати уште два мали хеликоптери на Црвената планета.

Хеликоптерите потенцијално би можеле да помогнат во собирањето примероци што ќе се вратат на Земјата, објавија на прес-конференција НАСА и Европската вселенска агенција (ЕСА), која исто така е вклучена во проектот.

„Инџинуити“ слета на Марс во февруари 2021 година со роверот „Персевиренс“. Набргу потоа, хеликоптерот, кој се напојува со литиум-јонски батерии и тежи околу 1,8 килограми, стана првото летало кое комплетирало лет на друга планета. Во меѓувреме веќе има реализирано 29 летови.

Мисијата на хеликоптерот, која всушност беше планирана да трае само 30 дена и требаше да се справи со екстремните услови на Марс, одамна е продолжена на неодредено време.

Откако првиот обид за дупчење не успеа минатата година, бидејќи карпата не била доволно цврста и не можела да се наполни во цевката за примерок, „Персевиренс“ успешно зеде и спакува 10 примероци, а во моментов зема уште 11, според НАСА.

Вкупно, има место за 30 примероци, од кои секој е дебела колку молив и тежи околу 150 грама. Според сегашниот распоред, овие примероци се очекуваат на Земјата во 2033 година.

Извор: МИА
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука