X
 28.08.2019 Образование

Поблиску до УКЛО: Висока медицинска школа - Битола

Високата медицинска школа Битола како единица на Универзитетот „Св. Климент Охридски” - Битола, со своето триесетгодишно постоење ја остварува својата дејност преку креација и реализација на наставно-образовниот процес, научно-истражувачката работа, апликативната дејност и други форми на активности.Наставата во рамките на Високата медицинска школа се реализира низ процес на теоретски предавања и практична настава преку стручни студии на прв и втор циклус.

Основна цел на студиските програми е да се одговори на потребите на општеството за кадри од областа на здравствената заштита. Овие кадри треба да поседуваат знаења и вештини, кои ги прават компетентни за одделни специфичности на здравствената заштита. Програмите ги интегрираат теоријата и практичното искуство и се реализирани на начин, кој овозможува стекнатите знаења и искуства да овозможат соочување со променливите потреби на здравството како во сопствената земја, така и во било која средина во која професионално ќе дејствуваат.

1

Денес, во повеќе европски земји се прават силни напори во правец на усогласување на системите на нивното високо образование, кои се евидентни низ серија на декларации, во кои се забележува потребата за развој на компатибилно високо образование, што ќе овозможи лесно читливи и препознатливи дипломи, висока мобилност на студентите и наставниот кадар, поголема ефикасност и ефективност на студиите, како и конкурентност на европскиот пазар на трудот.

Високата медицинска школа во академската 2019/2020 на идните студенти им нуди шест студиски програми од прв циклус студии, кои се тригодишни и обезбедуваат 180 кредити:

- Општа медицинска сестра
- Медицинско-лабораториски аналитичар
- Акушерка
- Физиотерапевт
- Радиолошки технолог
- Санитарен инженер

школа

Студиската програма за општа медицинска сестра и акушерка на Високата медицинска школа се усогласени со единствениот европски простор за високо образование според ДИРЕКТИВА 2005/36/ЕЗ НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И НА СОВЕТОТ од 07 септември 2005 година за професионалните квалификации и промените според DIRECTIVE 2013/55/EU OF THE EUROPEAN PARLIAMENT AND OF THE COUNCIL of 20 November 2013 за обука на медицински сестри со општ профил и акушерки.

На втор циклус едногодишни специјалистички студии се акредитирани сл. студиски програми: Специјализација за интензивна нега, специјализација за ментално здравје, специјализација за семејна и патронажна грижа, специјализација за геронтологија и палијативна грижа, специјализација за биохемиски анализи, специјализација за компјутеризирана томографија и магнетна резонанца, специјализација за рехабилитација во неврологија и специјализација за рехабилитација во ортопедија и травматологија.

Студентите и наставниот кадар на Високата Медицинска школа имаат можност да остваруваат мобилности на странски Универзитети преку програмата ЕРАЗМУС+, како и врз основа на билатерални договори. ВМШ во 2012 година е примена како членка на Европската сестринска мрежа, единствена од нашата држава.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование