X
 04.03.2016 Образование

Наставничка која треба да биде пример за сите

Притисокот со кој постојано учениците се соочуваат при тестирањето расте се` повеќе со секоја помината година, меѓутоа кога една наставничка им даде писмо на секој нејзин ученик, докажа дека треба да постојат повеќе наставници како неа.

 

 наставничка


Во Индијана, еден од најважните тестови во основно училиште е тестот наречен „ISTEP“, кој предизвикува огромна вознемиреност помеѓу студентите затоа што нивниот успех се мери токму со него. Кога Аби Мартин, мајката на еден ученик отиде да го земи од училиште нејзиниот син Рајан, таа виде декој тој плачел. Но, Рајан не се скарал или степал во училницата; тој плачел бидејќи неговата наставничка им дала на учениците писмо во кое на учениците им вели дека иако тестот е важен, тој не е се`.

Вреди да се напомене дека целта на наставничката не била да се намали вредноста на тестот или да им каже на децата дека ќе успеат дури и ако не учат. Таа само ги потсети дека постои многу повеќе од тестот.

Еве го писмото во целост.

„Најдраги ученици,

Следната недела ќе го правите вашиот „ISTEP“ тест по математика и читање, а две недели после тоа ќе го правите и вашиот „IREAD“ тест. Знам колку напорно работевте, но постои нешто важно што треба да го знаете.

„ISTEP“ и „IREAD“ тестовите не го оценуваат сето она што ве прави посебни и уникатни. Луѓето кои ги создаваат овие тестови и ги бодуваат не ве познаваат како што ве знам јас, и сигурно не ве познаваат на начинот на кој ве познаваат вашите семејства.

Тие знаатт дека некои од вас зборуваат два јазици или дека сакате да пеете или цртате. Тие не го виделе вашиот природен талент за танцување. Тие не знаат дека вашите пријатели сметаат на вас да бидете до нив, дека вашата смеа може да го осветли и најтемниот ден или дека вашето лице станува црвено кога се срамите. Тие не знаат дека учествувате во спортови, дека се прашувате за вашата иднина или дека некогаш им помагате на братчето или сестричето после училиште. Тие не знаат дека сте добри, веродостојни и грижливи...и секој ден се обидувате да бидете најдобри.

Поените кои ќе ги добиете од овие тестови ќе ви кажат нешто, но нема да ви кажат се`. Овие тестови не ве дефинираат. Постојат многу начини на кои вие сте паметни. Вие сте паметни! Вие сте доволни! Вие сте светлината која ми го осветлува денот и причината поради која јас сум среќна што доаѓам на работа секој ден. Затоа, среде овие тестови, запомнете дека не постои начин со кој ќе се тестираат сите оние неверојатни работи кои ве прават она што сте“.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование