Технолошкиот гигант „Епл“ неодамна претстави дури три нови паметни телефони, од кои едниот не само што е најголем туку е и најскап досега.
Телефонот „ајфон XS Max“ има 6,5 инчи и „Супер ретина“ дисплеј. Цената на телефонот е 1.099 долари, но износот потребен за негова изработка е дупло помал од продажната цена.
Во „ТехИнсајтс“, компанија од Отава, го разделиле „ајфон Max“ на делови и пресметале дека цената за негова изработка е околу 440 долари. Од „Епл“ не сакаа да ја коментираат оваа пресметка.
Најскапиот дел од новиот паметен телефон е дисплејот, чија цена е 80 долари, додека сличниот екран на минатогодишниот „ајфон“ чинеше 77 долари.
Другите трошоци што се зголемени се оние за процесорот и за чиповите.
За новите телефони Од „Епл“ рекоа дека се најиздржливи досега, истакнувајќи дека имаат најиздржливо стакло. Сепак, судејќи според тестот спроведен од страна на „СкверТрејд“, тие се распаѓаат речиси во минута кога ќе паднат на бетон.
Тоа за сопствениците ќе биде уште еден проблем, со оглед на тоа дека поправката на екранот чини околу 430 долари. Двата телефона при тестирањето биле фрлени од висина од два метра и се скршиле. Истовремено, двата
телефона преживеале целосно потопување во вода.