X
 28.09.2019 Живот

Португалските универзитети ги бркаат насилниците од сајбер-просторот

Истражување неодамна објавено во Велика Британија открива дека тинејџерите што страдаат од булинг имаат трипати поголема веројатност да извршат самоубиство.

Затоа, не изненадува што оваа алармантна тема постојано се дискутира низ целиот свет. Неколку фронтови се обидуваат да се борат со булингот на пасивен и информативен начин. ТВ-сериите се обидуваат да предупредат за важноста на оваа тема. За жал, бројките поврзани со булингот не се намалуваат. Колку и да се зборува за него, проблемот и понатаму останува.

Денес сме многу поврзани. Затоа булингот почесто се појавува на социјалните медиуми. На повеќе канали може да се пријави несоодветно однесување, со еден исклучок: најчесто користената платформа за пораки во светот „Вацап“ не нуди ваква можност поради нејзиното криптирање. Тоа е единствениот сајбер-простор каде што силеџијата може слободно да навредува, а бидејќи апликацијата не може да направи ништо за да ги блокира и да ги контролира пораките.

Сајбер-булингот веќе се смета за една од водечките причини за депресија, суицидни мисли и доживотна траума кај младите. Во Португалија законот вели дека булингот и сајбер-булингот се кривично дело казниво до пет години затвор кога сторителот има над 16 години. Сепак, дури и покрај овој закон, жртвите се плашат да пријават, а напаѓачите остануваат неказнети и слободни да ги користат своите паметни телефони како оружје за ширење на омразата.

Овој септември, познат како месец за подигнување на свеста за самоубиствата, една иницијатива предлага решение за ставање крај на овој проблем.

Португалските универзитети нудат одлично решение. Имено, делот за условите во договорите на компаниите за мобилни телефони нуди специфична клаузула дизајнирана да обезбедува заштита од насилството. На клиентите што извршиле каков било вид дигитално насилство или им нанеле штета на другите ќе им биде одземен бројот на мобилниот телефон.

Користејќи алатка што ги препознава мобилните оператори, веб-страницата termsagainstbullying.com добива поплаки и ги испраќа до регулаторниот дел од која било европска земја. Веб-страницата исто така нуди различни информации за булингот и за видовите дигитално насилство.

Погледнете го видеото во кое се објаснува целиот проект.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот