X
 28.09.2022 Образование

МОН го одобри Букварот на албански јазик кој се користи во Албанија и Косово

Министерството за образование и наука даде согласност за користење на Букварот на албански јазик, кој месецов беше презентиран како заеднички буквар на Албанија и Косово.

- Особено задоволство ми е да ја споделам со вас информацијата за давање согласност за употреба на Буквар за ученици од прво одделение на албански наставен јазик во учебната 2022/2023 година. Министерството за образование и наука даде согласност за користење на материјалот составен од авторите Мимоза Ѓокутај, Саранда Кумнова, Насер Забели и Тереза ​​Бабасули, кој е посветен на првачињата запишани во училиштата каде што наставниот јазик е албански - соопшти министерот Јетон Шаќири на социјалните мрежи.

Тој додаде дека МОН и во иднина ќе ја поддржи секоја иницијатива за употреба на дидактички материјали кои се од интерес на учениците и помагаат во остварување на целите дефинирани со наставните планови и програми.

Овој Буквар беше изготвен како резултат на соработката на министерствата за образование на Албанија и Косово и веќе е во употреба во тамошните училишта.

 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование