Режисерот Џејмс Камерон даде одговор зошто Роуз не ја поделила вратата која пловела во океанот, и на која таа била качена, со Џек после потонувањето на бродот.
Обожавателите на овој филм, со години се прашуваат зошто и Џек не се качил на дрвената врата што ја спасила Роуз од замрзнување во студениот океан.
Кога на режисерот Џејмс Камерон во интервју за „Венити Феир“, му било поставено прашањето: „Зошто Роуз не му направила место на Џек на вратата на која таа била качена?“, Камерон краток одговорил:
„Затоа што на 147 страница од сценариото пишува дека Џек умира. Многу едноставно“.
Камерон смета дека е смешно 20 години подоцна сè уште се дебатира за тоа дали Џек требало да преживее.
„
Филмот тогаш не би имал смисла. Да преживееше, крајот на филмот не би имал никакво значење. Филмот е за смртта и разделувањето“, изјави тој.