X
 18.07.2017 Технологија

Русија работи на нов, многу брз авион

Руски инженери во соработка со колеги од Европската Унија и од Австралија работат на хиперсоничен патнички авион што ќе лета со брзина од 8.000 километри на час и ќе го минува растојанието од Брисел до Токио за два часа и 15 минути.

авион
Фото: ESA

Моделот на хиперсоничен патнички авион претставува амбициозен проект кој има меѓународен карактер. Станува збор за особено револуционерен концепт кој драстично ќе ги помести денешните стандарди во авиопатничкиот сообраќај, особено кога се работи за интерконтинентални летови.

Овој авион многу отстапува од стандардната шема за правење патнички авиони. Замислено е тој да користи мотори на течно водородно гориво.

Основната цел на концептот „Хексафлај“ е екстремно скратување на патувањето меѓу Европа и оддалечените градови на Далечниот Исток и Океанија.

Авионот е дизајниран во варијанта во која ќе има две класи, бизнис ВИП и економско-патничка со максимален капацитет од 85 патници.

За разлика од првата генерација суперсонични патнички авиони кои се резултат на огромна потрошувачка на гориво и кои во атмосферата испуштаа огромна количина издувни гасови уништувајќи ја озонската обвивка, “SDS/SPS” нема да има такви проблеми, наведуваат руските медиуми.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија