Еден навивач на Баерн Минхен во текот на синоќешниот натпревар со Бенфика од петтиот круг во групната фаза од Лигата на шампионите на „Твитер“ напиша: „Кога Рибери ќе постигне гол, ќе јадам метла“.
Французинот го забележал твитот на корисникот и иронично му одговори: „Бон апетит“.
Баерн победи со 5:1, а Франк Рибери го постигна последниот гол во 76. минута.
Извор: МИА