Од 2016 година следењето на некој корисник на „Твитер“ малку се искомплицира. Нешто што претходно беше хронолошко подредување на секој твит стана хаос воден од алгоритам дизајниран да ве води кон твитови што ќе ја максимираат ангажираноста. Нештата како „Твитови кои можеби сте ги пропуштиле“ и случајни твитови лајкнати од друг профил кој го следите исто така се појавуваат на тајмлајнот.
Сега, во 2018 година, „Твитер“ им овозможува на корисниците да се вратат на чисто хронолошкиот тајмлајн без сите тие екстра нешта и реорганизацијата.
За да се вратите во времето пред 2016 година, отворете го „Твитер“, а потоа одете на Settings and Privacy и потоа на Content Preferences, каде што треба да ја исклучите опцијата Show me the best Tweets first.
Сигурно ќе прашате зошто ова се овозможува сега. Официјалната причина што ја наведоа од „Твитер“ е барањето на корисниците, што има смисла бидејќи најверојатно ова е едно од најбараните нешта по способноста за измена на
твитови.