X
 28.11.2021 Наука

Со гуми за џвакање во борба против коронавирусот

Експериментална гума за џвакање што содржи протеин кој ги врзува честичките на коронавирусот може да го ограничи количеството на вирус во плунката и да помогне во ограничувањето на преносот на вирусот кога заразените луѓе зборуваат, дишат или кашлаат, веруваат научниците.

Гумата за џвакање содржи копии од АЦE2 протеинот, кој се наоѓа на површината на клетката, кој вирусот го користи како место на пенетрација во клетките и нивна инфекција.

Во експерименти во епрувети, со користење примероци од плунка и брисеви од заразени лица, честичките на вирусот биле прикачени на AЦE2 „рецепторите“ во гумата за џвакање.

Како резултат на тоа, вирусното оптоварување во примероците паднало за повеќе од 95 отсто, објави истражувачкиот тим од Универзитетот во Пенсилванија во списанието „Молекјулар терапи“.

Гумата за џвакање има вкус и конзистентност на обична гума за џвакање, може да се чува со години на нормални температури, а џвакањето не ги оштетува молекулите на протеинот AЦЕ2, велат научниците.

Употребата на гума за намалување на вирусното оптоварување во плунката, посочуваат тие, би била засилување за вакцините и би била особено корисна во земјите каде што вакцините сè уште не се достапни.

Извор: Jutarnji.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука