Во моментов светот се соочува со епидемии на повеќе вируси, од кои два се најпознати: коронавирусот и мајмунските сипаници.
Се забележуваат значајно повеќе случаи на коронавирусот отколку мајмунските сипаници, но не се исклучува можноста од заразување со двата вируси истовремено. Токму тоа му се случило на еден жител на Калифорнија, САД, минатиот месец.
Мичо Томпсон имал позитивен тест на ковид-19 кога забележал црвени точки на кожата. Неговиот лекар бил сигурен дека станува збор за мајмунски сипаници. Така тој истовремено бил заразен со двата вируси.
Како е да се имаат двата вируси истовремено? Според искуството на Томпсон, заразувањето довело до тешки недели во кои тој се чувствувал многу болен и имал симптоми на тежок грип.
- Најлошото беше кога едвај можев да станам од кревет и едвај можев да земам чаша вода - изјавил тој.
Томпсон сега се чувствува подобро.
Извор:
Indy100
Насловна фотографија: Pixabay