X
 28.12.2018 Технологија

Вештини што ги бараат најголемите компании: Ова се професиите за кои расте побарувачката

„Линкдин“ неодамна објави извештај за професиите, односно за работните места за кои најмногу расте побарувачката во последно време и вештини што најмногу се бараат за извршување на ваквите професии. Извештајот е базиран на истражувањата што се спроведуваат во последните пет години. Иако листата на овие професии е базирана врз основа на побарувачката на професии само во САД, јасно е дека дел од ова истражување може да се примени и во другите земји.

раст
Фото: Getty Images


Блокчејн-девелопер - за оваа професија е забележан најголем раст на побарувачка во последните години (пораст на побарувачка од дури 33 пати), а вештините што најмногу се бараат од кандидатот се познавање на блокчејн, криптовалути, „етериум“  и „Node.js“. Индустриите во кои овој тип работници се најбарани се информациска технологија и сервиси, софтвер и интернет, а најмногу се барани во компаниите Ај-би-ем, „Консенсус“ и „Чејнјард“.

Инженер на машинско учење - професиите на иднината се поврзани со машинското учење и вештачката интелигенција, а вештините што инженерите на машинското учење треба да ги имаат се познавање на машинско учење, „TensorFlow, „Apache Spark“ и „Natural Language Processing“. Ваквите инженери се најбарани во „Епл“, „Интел“ и во други големи технолошки компании.

Директор на продажба на апликации
- ваков кадар бараат компании како „Оракл“, „Еј-ти ен Ти“ и „Аваје“, а вештините што треба да ги имаат се познавање на софтвер како услуги, клауд-апликации, управување со човечки капитал, бизнис-планирање и продажба итн.

Експерт за машинско учење - уште една професија поврзана со машинското учење се наоѓа во овие топ-5 професии. Од кандидатите се бараат слични вештини како и од инженерите, при што овде е нагласена и вештачката интелигенција. „Епл“, „Гугл“ и „Амазон“ се само некои од компаниите што се во постојана потрага по вработени со наведените вештини.

Продажен претставник во здравствената индустрија
- во индустриите како биотехнологијата и фармацевтската индустрија сѐ поголема е побарувачката за вработени со познавање на продажниот процес и медицинските уреди и луѓе што имаат големо искуство во процесот на лансирање нови производи.

Коментирајќи ги резултатите од истражувањата, главниот економист во „Линкдин“, Гај Бергер, ја нагласува важноста на некои општи вештини што немаат директна врска со професиите во технологијата како комуникација, лидерство и управување со времето.

Повеќе за извештајот може да прочитате ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија