Персоналните компјутери почнале почесто да се користат во работата во 80-тите години. На крајот од деценијата се појавил и комерцијалниот интернет. Со текот на годините се менувале и компаниите и начинот на работа во нив. Но се чини дека некои промени низ кои поминале бизнисите во изминатите децении ќе бидат избришани со пандемијата. Како резултат на ширењето на коронавирусот, некои компании ќе се вратат на старите стратегии што биле популарни пред појавувањето на компјутерот.
Складирање
Пред 80-тите години повеќето компании складирале готови производи и материјали, но со текот на времето престанале со оваа практика бидејќи имале загуби кога побарувачката за одреден период се намалувала. Со појавувањето на интернетот, компаниите инстантно известувале за своите потреби и научиле да купуваат материјали и да произведуваат производи во зависност од побарувачката.
Фото: Pixabay
Пандемијата откри дека овој вид производство има ризик. Така, многу компании ќе почнат повторно да складираат материјали и производи за да имаат доволно без разлика на околностите.
Диверзификација
Пред 80-тите компаниите се труделе да нудат различни производи наместо да го задржат фокусот на еден сегмент. „Сони“ има купено филмско студио и осигурителна компанија. Во 90-тите компаниите почнале да се концентрираат на посебни сегменти наместо на повеќе.
Пандемијата откри дека фокусот на само еден сегмент може да биде слабост во време на глобална катастрофа. Како резултат на ова, компаниите ќе почнат да работат во повеќе пазарни сегменти истовремено за да имаат приходи од различни индустрии.
Фото: Pixabay
Приватни канцеларии
Пред 80-тите повеќето работници имале приватни канцеларии или работеле во места каде што просторот помеѓу работниците бил одвоен. Следната деценија технолошките компании почнале да градат канцеларии што изгледале како заеднички простор во кој повеќе луѓе работат заедно. Компаниите од другите индустрии го следеле овој тренд.
Со пандемијата се откри дека отворените простории може да помогнат во ширењето на болести и вируси, на пр., коронавирусот. Соодветно,
компаниите што нема да продолжат со работа од дома ќе ги сменат канцелариите за да го намалат физичкиот контакт помеѓу работниците.
Автор: Џефри Џејмс
Извор:
inc.com