X
 28.12.2021 Наука

Што е следно за телескопот „Џејмс Веб“?

Телескопот „Џејмс Веб“ беше лансиран во вселената на 25 декември. Што е следно за оваа опсерваторија?

Тој е 100 пати помоќен од телескопот „Хабл“ и претставува соработка на американската, европската и канадската вселенска агенција. Главниот дел од телескопот е позлатено огледало широко 6,5 метри, кое е трипати поголемо од рефлекторот на „Хабл“.

Астрономите се надеваат дека со помош на телескопот ќе погледнат подлабоко во вселената од кога било досега, дознавајќи повеќе за најраните ѕвезди и галаксии што се формирале набрзо по Големата експлозија. Телескопот ќе ги истражува и атмосферите на далечните планети за да открие дали има живот надвор од Земјата.

За да успее во својата мисија, телескопот треба да патува барем 1,5 милион километри, а потоа треба да се излади до температура од -233 Целзиусови степени за да може да прави фотографии кои треба да откријат податоци за далечни галаксии.


Фото: NASA

Во првата недела од мисијата, телескопот треба да го отвори штитникот за сонце, а во првиот месец се планирани отворање на телескопот, ладење, вклучување на инструментите и патување во орбитата.

Во следните месеци ќе бидат проверени оптичките инструменти и научниците ќе го насочат телескопот кон една ѕвезда од која тој ќе прави тест-фотографии.

Во петтиот и шестиот месец од испраќањето се планирани завршните подготовки на инструментите, а по 6 месеци телескопот ќе ја почне мисијата.

Извор: Interesting Engineering
Фото: NASA
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука