Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП-Скопје ги потсетува возрасните лица - корисници на бесплатен превоз во вторник, петок, сабота и недела да ги продолжат/заверат билетите за наредната година, доколку сакаат да го користат правото на бесплатно возење во посочените денови и во 2024 година.
Од ЈСП-Скопје информираат дека процедурата се врши во кој било центар за персонализација, со лично присуство и лична карта на увид.
Истовремено, ги потсетуваат и корисниците на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз дека е неопходно да го продолжат/заверат билетот за 2024 година.
Информираат дека процедурата се врши во кој било центар за персонализација на ЈСП Скопје, со лично присуство на студентот кој треба да достави потврда за редовен студент издадена од акредитирана високообразовна установа (не постара од 30 дена), оригинал индекс со запишан зимски семестар и лична карта на увид.
На студентите/бруцоши од студентската 2023/2024 година, билетот автоматски им важи и за наредната календарска година, информираат од ЈСП Скопје.
Извор: МИА