Одборот за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите на Европскиот парламент усвои закон кој забранува продажба на исти производи со различен квалитет во ЕУ.
Ова го потврди и хрватската пратеничка Билјана Борзан.
Одборот ја усвои измената на таканаречената црна листа на Директивата за нечесни комерцијални практики и експлицитно забрани двоен квалитет на производите. Со тоа е отворен пат за преговори меѓу Комисијата, Парламентот и Советот.
- Повеќе од 80 отсто од граѓаните сметаат дека големите корпорации нè третираат како граѓани од втор ред. Тоа се бројки што ги добив кога го правев првото истражување на квалитетот на нашиот и на германскиот пазар со Хрватската агенција за храна - истакна Борзан.
Таа додаде дека е добро и тоа што Романија овој проблем го ставила високо на дневниот ред.
Во Директивата е пропишано производителите што пласираат производи со различен квалитет да бидат казнувани со до 4 отсто од нивниот годишен промет.
„Нутела“ е еден од производите што во различни земји имаат различен квалитет, а љубителите на овој производ ќе се
израдуваат кога ќе слушнат дека сега ќе биде ист за сите.