Одделот кој во компанијата е задолжен за анализа на податоци, минатата недела воведе
нова апликација којашто постои само за една причина: да ги собира вашите податоци кои се адресирани кон „Фејсбук“.
Проблематичната апликација е наречена
Bolt App Lock, а нејзините креатори се одговорни за контроверзната ВПН-услуга наречена
Onavo Protect. Апликацијата
Bolt App Lock стигна на „Гугл плеј“ на 5 март, а „Фејсбук“ ја повлече веќе на 9 март, по бурните реакции од корисниците.
Компанијата сето ова кратко го коментираше, потенцирајќи дека се работело за „мак и краток експеримент“.
Bolt App Lock овозможуваше додавање на ПИН-кодови, отпечатоци од прсти или слични заштитни мерки за апликациите кои не сакате да ви ги користат други луѓе. Апликациите како оние за мобилно интернет-банкарство имаат вграден систем за препознавање на отпечатоци од прсти или посебни лозинки. Оние другите како „Фејсбук“, „Гугл“ и „Твитер“ кои ве држат вклучени подолго време можат да користат дополнителни безбедносни мерки од надворешни апликации како
Bolt App Lock,
Norton или
Keepsafe.
Откако на апликацијата
Bolt ќе вклучите и катанец,
Onavo Protect точно ќе знае колкупати сте ја отвориле апликацијата – што е многу важна информација за корисникот која натаму може да се проследи до „Фејсбук“. Апликацијата исто така ги бележи основните информации за мобилниот уред и мрежата.
Проблемот со
Onavo е што луѓето веќе подолго време не можат да го смислат. Компанијата е најпозната по измамничкиот ВПН-систем на
Onavo Protect VPN кој под маска на лична безбедност собираше податоци за сурфање што им ги испраќаше на „Фејсбук“. Компанијата го купи Onavo во 2013-тата, за да добие подобар увид во корисничките податоци. Како и секој ВПН, и Onavo Protect има исклучителен увид во вашите навики за пребарување, затоа што се користи како посредник во текот на пребарувањето.